Ѓоковиќ со џентлменски коментар: Му благодарам на Федерер што ми дозволи да победам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа го освои турнирот во Синсинати и ја комплетираше колекцијата од трофеи од Мастерс турнирите.

„Ова е навистина специјален момент за мене.. Да се биде тука со победнички трофеј е нешто посебно. Играв пет финалиња и поголем дел од нив ги загубив од Роџер Федерер. Му благодара што ми дозволи барем еднаш да победам во Синсинати“, кажа Ѓоковиќ.

Тој со освојувањето на Синсинати стана првиот тенисер кој ги комплетирал сите трофеи од Мастерс серијата.

Да потсетиме, Ѓоковиќ со 6-4 и 6-4 го победи Федерер и така стигна до 70. трофеј во кариерата, а 31. на Мастерс турнирите.