Ѓорческа ја изненади фаворитката Дејвис во првото квалифициско коло на УС-опен


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, го почна одлично настапот на УС-опен, откако ја победи Лорен Дејвис со 6-7, 7-5 и 6-3 во првото квалификациско коло.

Ѓорческа го почна катастрофална мечот, па нејзината противничка во еден момент имаше и предност од 5-0, но Лина успеа да се врати во продолжение и да израмни на 6-6, па мораше да се игра тај-брејк, во кој беше подобра Дејвис со 7-2.

Во финишот на вториот сет видовме многу подобра игра на Ѓорческа, откако претходно играа израмнето и двете тенисерки, па Лина со брејк стигна до 6-5, а потоа и до 7-5 откако сервираше добро на свој сервис.

Во последниот сет, Лина направи два брејка на почетокот, па го одржуваше водството до крајот на мечот и со 6-3 се пласираше во второто квалификациско коло, каде што ќе игра против Јана Фет од Хрватска.