Ѓоковиќ елиминиран од Прижмиќ на почетокот на мастерсот во Рим


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од Дино Прижмиќ со 1-2 во сетови (6-2, 2-6, 4-6) на стартот на мастерсот во Рим.

Српскиот тенисер започна одлично и доминантно го доби првиот сет со 6-2, оставајќи впечаток дека лесно ќе го заврши мечот. Сепак, Прижмиќ во продолжение значително ја подигна својата игра, возврати во вториот сет и со истиот резултат израмни на 1-1.

Во решавачкиот сет следеше голема борба, а пресуден момент беше брејкот во петтиот гем, кога младиот Хрват поведе со 3-2. Таа предност ја задржа до крај и со сигурна игра на сервис го доби сетот со 6-4, со што обезбеди голема победа и елиминација на Ѓоковиќ од турнирот.