Ѓоковиќ го дозна првиот противник на Мастерсот во Монте Карло

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во второто коло на Мастерсот во Монте Карло против Чилеанецот Алехандро Табило, кој го елиминираше Швајцарецот Стан Вавринка со 2:1 (1:6, 7:5, 7:5).

Од почетокот на мечот Вавринка се наметна, и изгледаше дека по првиот сет (6:1) без проблеми ќе стигне до победа. Сепак, тоа не беше така, бидејќи Табило во продолжението успеа да ја пронајде својата игра и по голема борба во вториот сет славеше со 7:5 и изедначи.

Следеше многу интересен трет сет, во кој Чилеанецот загуби брејк во третиот гем, но возврати истом мером во шестиот и седмиот, па беше на дофат на победа. Меѓутоа, Табило не го искористи својот сервис при водство од 5:3, бидејќи Швајцарецот го зема брејкот и мечот го доведе до неизвесна завршница. На крајот, Табило направи уште еден брејк во 12-тиот гем и така стигна до победа и меч со Новак Ѓоковиќ во следната рунда.

Новак Ѓоковиќ и Алехандро Табило ќе се сретнат првпат од 12 мај минатата година, кога Чилеанецот во втората рунда на Мастерсот во Рим славеше со 6:2, 6:3.

Фото: Принтскрин