Ѕвездата на англискиот фудбал откри до кога ќе остане во Тотенхем!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Хари Кејн е најдобриот фудбалер на Тотенхем за кого се заинтересирани голем број на клубови.

Сепак оваа зима тој нема намера да замине од Лондон, туку ќе потпише нов договор според кој ќе заработува по 200.000 фунти неделно.

Англискиот напаѓач во разговори за медиумите изјави дека е среќен, но дека се поставува прашањето до кога ќе биде така.

„Среќен сум во Тотенхем, затоа ќе потпишам нов договор. Се додека сум задоволен со луѓето од управата, не мора да се грижат за моето заминување. А задоволен сум, затоа што клубот постојано напредува, играме убаво, очекувам да направиме нешто важно во ЛШ. Се додека се гледа напредок, јас ќе бидам тука. Сакам да му помогнам на тимот да почне да освојува трофеи.“