Ѕвездата на Арсенал: Не сум инфериорен, веќе сум на ниво на Меси и Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал Алексис Санчез смета дека е еднакво добар како и Лионел Меси и Кристијано Роналдо – двоецот кој во последните години меѓусебно се бори за речиси секоја поединечна награда во светот и во Европа.

„Достигнав ниво на кое можам да се споредувам со одлични играчи. Не се чувствувам инфериорно на никого. Своите квалитети ги споредувам со тие на Меси и Роналдо, имам еднакви способности како и тие“, рече Алексис Санчез за Спорт.

Санчез едно време играше со Меси во Барселона, но во потрага за повеќе минутажа во 2014 година замина во Арсенал.

Од тогаш е најдобар играч на Топџиите со 30 погодоци во 68 лигашки натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=AM7PSGMA3mA