Ѕвезда на Тотенхем се договори со Јунајтед: Манчестер добива големо засилување!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе добие големо засилување во летниот преоден рок, откако англиските медиуми објавија дека тренерот Оле Гунар Солскјер посакува стандарден фудбалер на Тотенхем.

„Црвените ѓаволи“ бараат засилувања во одбраната, а прв кој би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ е фудбалерот на Тотенхем, Тоби Алдервејрелд.

Фантастичнот Белгиец, наводно, ги договорил условите за трансфер од Тотнем во Манчестер јунајтед, иако со лондонскиот тим има договор до 2020 година, сепак постоела клаузула во договорот според која може да си замине за 26 милиони фунти.

Алдервејрелд сезонава беше стандарден член на Тотенхем, па одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, но од наредната сезона ќе ги брани боите на „црвените ѓаволи“.

Одличниот дефанзивец пристигна во Лонон во 2015 година и тоа од Атлетико Мадрид за помалку од 15 милиони фунти, а во кариерата има настапувано уште и за Саутемптон и Ајакс.