Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жардим направи одлична работа, лидер е во Лига 1, а какви и да се резултатите на крајот, тие ќе имаат голема заработка.
Монако игра одлично оваа сезона, а доказ за тоа се резултатите. Први се во Франција, имаат шанси да поминат понатаму во ЛШ, а вчера се пласираа во ¼-финале на купот.
Најголеми заслуги за тоа има Жардим, кој трпеливо го градеше тимот, чии игри ги следи цела Европа.
Постои голем интерес за нивните фудбалер, а не е тајна дека Гвардиола би сакал да го купи „половина“ Монако и да го засили својот тим, но тие не се единствени, интерес покажаа и Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Баерн и Арсенал.
Сега им се приклучи и челси, кој ги сака Лемар и Сидибе.
Одличниот Лемар покажува голем потенцијал оваа сезона, игра одлично, а постигна 7 голови во Лига 1.
Сидибе игра како препороден од доаѓањето од Лил, одигра неколку натпревари во националниот тим, а во него Конте гледа алтернатива за Алонсо, кој одлично се вклопи во тимот.
Лемар би бил алтернатива за Мозес, но и за Педро по десната страна. Како и да е, Челси ќе има голема конкуренција за потписот на овие фудбалери од Баерн Минхен.