Јанузај ја сруши Англија и го избра потешкиот пат на Белгија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како и што се очекуваше вечерва во Калининград не видовме којзнае каков фудбал со оглед на фактот што и двајцата селектори ротираа, а видно беше дека и двете репрезентации „бегаат“ од победа.

Сепак, Белгијците успеаја да стигнат до трите бода откако Аднан Јанузај на маестрален начин го совлада Пикфорд.

Англичаните по голот заиграа нешто поотворено, но само еднаш створија опасна прилика и тоа преку Маркус Рашфорд кој не успеа да го матира Тибо Куртоа.

Со оваа победа Белгија во името на Јапонија добива нешто послаб противник во осминафиналето, но потоа ќе вкрсти со репрезентациите на Бразил или Мексико.

Англичаните пак ќе ги одмерат силите со секогаш незгодната Колумбија, а доколку се пласираат во четвртфиналето ќе играат со подобрата од селекциите на Швајцарија и Шведска.

Во преостанатиот вечерашен натпревар репрезентацијата на Тунис со 2:1 ја совлада Панама и со тоа заврши на третата позиција на табелата.