Јаховиќ со хет-трик донесе победа за Гезтепе (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Македонија играше главна улога на денешниот натпревар помеѓу Сиваспор и Гезтепе.

Имено Јаховиќ беше креатор на четири од петте погодоци постигнати на денешниот натпревар. Напаѓачот на Гезтепе еднаш ја погоди сопствената мрежа и три пати ја тресеше противничката.

Најпрво во 16. минута Јаховиќ со глава ја погоди својата мрежа, а потоа сам донесе пресврт и победа за својот тим. Во 33. минута го изедначи резултатот на 1:1, а во судиското продолжение од првото полувреме постигна гол за 2:1 од белата точка.

Својот трет погодок го постигна го постигна во 53.минута исто така од белата точка.