Јаховиќ стрелаше во победата на Коњаспор против Аланијаспор (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повремениот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ беше стрелец на погодок на натпреварот кој неговиот Коњаспор со 2:0 го доби против Аланијаспор.

Јаховиќ го отвори резултатот во 52. минута од белата точка, а конечниот резултат го постави Џонсон во 67. минута.

Ова е вкупно трет гол на нашиот интернационалец во дресот на Коњаспор оваа сезона, два од нив постигна од белата точка.