Јоветиќ без размислување ја одби понудата која пристигна од Англискиот Премиер Лигаш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Фудбалерот на Интер, Стефан Јоветиќ, ја одбил понудата од Њукасл Јунајтед, која вчера пристигнала на италијанската адреса, надевајќи се дека Севиља ќе се врати по него.

Како што пренесува Скај Спортс Италија, Црногорскиот репрезентативец, ја засакал Шапнија и не размислува за трансфер на ниедно друго место.

Тимот на Њукасл од оваа година повторно е дел од Англиската елита, а Рафа Бенитез изразил голема желба за играчот на Интер, кој не сакал ни да слушне за трансфер во Њукасл.

Последните шест месеци од минатата сезона Јоветиќ ги помина во Севиља и ги импресионираше сите, постигна седум гола и имаше четири асистенции во 24 натпревари што ги одигра за шпанскиот клуб во сите натпреварувања.

27 – годишниот фудбалер има договор со Интер до 2019 година.