Јувентус би можел да купи засилување од Ливерпул

Федерико Пасторело верува дека Јувентус ќе го купи Емре Чан од Ливерпул.

Пасторело откри дека Јувентус минатата година одбиле 50милиони евра за Сандро, но дека сеуште се отворени вратите и дека Асамоа може да замине од клубот.

„Емре е одличен фудбалер и би можел да стигне бесплатно. Јувентус е клуб кој привлекува шампиони и доаѓаат важни информации од Германија. Сепак, од досегашниот тим Асамоа може да замине затоа што 7-8 тимови се заинтересирани за него“, вели Пасторело.