До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот фудбалер Ентони Марсијал е уморен од чекање да добие шанса за игра на „Олд Трафорд“, па најверојатно ќе замине од Манчестер на лето.
Марсијал е голема надеж на францускиот фудбал, а стигна во 2015 година од Монако за 60 милиони евра.
22-годишниот фудбалер имаше одлични натпревари, но Мурињо не му верува премногу, па во голем дел од мечовите својата шанса ја чекаше од клупа.
Поради тоа, Французинот се налути и повеќе не сака да разговара со Мурињо и сака да замине од клубот, а заинтересиран за него е Јувентус.









