„Јувентус го избрал пред ПСЖ!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Миралем Пјаниќ призна дека имал понуда од Баерн Минхен пред 10 години, а сега откри дека го сака ПСЖ и тоа минатото лето.

Пјаниќ, кој ја започна кариерата во Мец, оваа сезона игра одлично. Јувентус е во борба за тројната круна, а работите би можеле да бидат поинакви ако заминел во ПСЖ.

„Вистина е дека ме бараа, бев во контакт со нив, но сега имам договор со Јувентус и немам желба да заминам од Торино.“

„ПСЖ е одличен клуб. Против нив го одиграв првиот професионален натпревар за Мeц и од тогаш ќе се сеќавам. Исто така, нивниот стадион е најдобриот на кој имам играно во Франција.“

Оваа сезона одигра 41 натпревар за Јувентус, а постигна 8 голови и 13 асистенции.

Претходно тој играше за Рома и Лион.