Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот Раџа Наиголан игра фантастична сезона во дресот на Рома, иако е играч за врска, постигна 10 голови во Серија А, забележа и три асистенции, беше навистина движечка сила на Волчицата во текот поголем дел на сезоната.
Во летото се зборуваше за негов премин во редовите на Јувнетус, но белгиескиот репрезентативец изјави дека нема намера да го засили клубот од Торино.
Меѓутоа, тука е Интер кој има големи планови за ова лето, доста играчи се доведуваат во врска со клубот од „Меаца“, управата вети на навивачите дека нема да жали пари за адекватни засилувања, а сега се чини дека Наинголан може да биде еден од нив.
Во прилог на целата приказна оди и фактот дека управата на Рома никако не може да се договори со Белгиецот околу продолжување на соработката, и заминување на клубот е се пореална опција за Раџа Наинголан.