Јувентус „жртвува“ двајца играчи за да го купи Роналдо!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо деновиве се наоѓа во центар на внимание, зашто се шпекулираше дека ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во Јувентус.

Иако во почетокот изгледаше како шпекулација, сепак очигледно нешто се „подготвува“. „Старата дама“ подготви 120 милиони евра за Португалецот, кој би требало да добие и годишна плата од 30 милиони евра на четири години.

Италијанските медиуми пишуваат дека во Јувентус се решени да осигураат пари, кои ќе ги вложат за Роналдо, а доколку Португалецот дојде во Торино, јасно е дека мора да се продаваат играчи.

Јувентус сериозно размислува да го продаде Гонзало Игуаин, за кој наводно води преговори Челси. А, покрај него „старата дама“ би можел да ја напушти и Даниеле Ругани, кој исто така е желба на „сините“.