Јувентус игра паметно – Дибала доби нов договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пауло Дибала ќе потпише денес нов договор со Јувентус. Агентот на Дибала со денови е во Торино и работеше на новиот договор на фудбалерот.

Аргентинецот оваа сезона ги покажа своите квалитети во Јувентус и тој беше прогласен за наследник на Меси.

Новиот договор ќе го потпише и тој ќе го задржи во тимот до 2021 година, а со тоа станува најплатен играч во Италија веднаш зад Игуаин.

Јувентус со тоа покажа дека му значат важните играчи и дека сака да ги задржи на долг план.

Во договорот ќе има и откупна клаузула која изнесува 150 милиони евра, од што Дибала и неговиот агент ќе имаат 12 милиони.

Секако, на овој начин во Торино сакаат да заработат многу пари ако го купи Барселона или Реал Мадрид.