Јувентус најави мега-засилување: Прво доаѓа Ремзи, а потоа – Мбапе!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи призна дека ќе се обидат да го ангажираат Арон Ремзи, односно дека ја разгледуваат неговата ситуација.

Ремзи ќе биде слободен фудбалер на крајот на сезоната бидејќи му завршува договорот, а уште сега искусниот фудбалер може да преговара со останати клубови.

„Ремзи е одличен фудбалер, ни се допаѓа и тој игра за одличен тим. Неговиот договор завршува и вообичаено разгледуваме такви ситуации, па најверојатно ќе тргнеме по неговиот потпис“, вели Паратичи.

Интересно е тоа што му беше поставено и прашање за ангажирање на младиот Килијан Мбапе од ПСЖ, кој има проблеми со Финансискиот фер-плеј, па постои можност да ги продаде најголемите ѕвезди.

„Мбапе? Тоа е возможно во нашата фантазија. А, таа ни помага, па така ќе биде и во јануари, но за него можам да кажам дека ќе биде многу тешко при ангажманот во лето, поради големиот интерес“, вели спортскиот директор на Јувентус.