Јувентус носи нов Кристијано: Агентот на соиграчот на Пандев потврди дека ќе преговара со клубот од Торино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на младиот фудбалер на Џенова, Кристијано Ромеро потврди дека ќе одржи разговори со Јувентус за потенцијален трансфер на неговиот клиент во Торино.

Ромеро последните неколку месеци се поврзува со трансфер во Јувентус, а беше блиску до преселба меѓу Бјанконерите и во јануари кога Стураро потпиша за Џенова.

Фудбалерот кој пристигна во Џенова оваа сезона од аргентинскиот клуб Белграно засега игра одлично и е редовен во клубот во кој настапува Горан Пандев. Досега запиша 19 натпревари на кои постигна еден погодок и асистираше на уште еден.

„Ќе разговарам со Јувентус за Ромеро повторно. Се надеваме дека тој ќе остане уште една сезона како позајмен во Џенова за уште повеќе да созрее на фудбалски план“- коментираше Џорџо Перинети, агентот на Ромеро.