Јувентус повлече „рачна“: Прва и сериозна понуда за легендарниот Пирло…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клупата на првиот тим беше резервирана за Алегри, сега се зборува дека би можел да ја преземе Зидан, но Јувентус испрати понуда до Пирло.

Не секако да го тренира тимот на екипата до 23 години. Тоа би било вистински тренерски ангажман за легендата, но и подготовка за големи работи.

Имено, Јувентус не е задоволен со Мауро Зиронелиј, младиот тим игра во третата лига, во клубот сметаат дека им е потребно некое големо име, и некој кој ќе им даде инспирација на младите играчи.

Од Пирло би се очекувало да го наметне своето видување за фудбалот, без притисок од резултатите.

Тој го мина курсот на УЕФА, оној првиот кој им се доделува на големите играчи и може да ги води сите женски екипи, младите категории и да работио во третолигашкиот ранг во Италија.

Условите ги исполнува, ова би било големо враќање на миленикот на навивачите, но и шанса за почеток на нова кариера да работи без притисок.

Резервниот тим на Јувентус е во долниот дел од табелата, но се безбедни кога опстанокот е во прашање.