Јувентус повторно пазари од Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Јувентус планира да ја продолжи традицијата да ги купува најдобрите играчи на своите најголеми ривали во италијанското првенство.

Актуелниот шампион на Италија сериозно е заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Рома, 21 годишниот Лоренцо Пелегрини. За да ги обезбедат неговите услуги од клубот од Торино подготвиле 25 милиони евра.

Ако трансферот се случи ова ќе биде нов голем удар за тимот од Рим. Тие го ангажираа Пелегрини минатото лето кога тој стигна од Сасуоло за 10 милиони евра. Меѓутоа Рома мора да продаде неколку фудбалери поради финансискиот фер плеј, а понудата од Торино е доста примамлива и можно е да биде прифатена.

За Пелегрини интерес има и од неколку екипи од англиската Премиер лига, но според најавите тој не сака да ја напушти Италија.