Јувентус разгледува две опции за нов бек!

Засилувањето на страничните позиции ќе биде приоритет за Јувентус во наредното лето.

Во Јувентус се свесни дека својата последна сезона во клубот ја играат Лихштајнер и Асамоа додека на адресата на „Бјанконерите“ наредното лето би можеле да стигнат и неколку понуди за Алекс Сандро.

Во клубот ќе се врати Спиначола од позајмица, но нема сомнеж дека управата на клубот од Торино ќе направи се што е потребно за да најде нов квалитетен бек.

Идеално засилување би бил играчот на Манчестер јунајтед, Матео Дармијан, кој најверојатно ќе замине од Островот на крајот на сезона.

Втора опција наводно е Хосе Гаја од Валенсија. Талентираниот Шпанец настапува како лев бек, па би бил нешто поскап од Дармијан, но исто така е шест години помлад.