Јувентус се вклучи во трката за играчот на Арсенал

Од редовите на Јувентус своето внимание во летниот преоден рок ќе го насочат кон засилување на дефанзивната линија.

Актуелниот шампион во Серија А ќе се обиде во своите редови да го донесе десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин кој и минатото лето беше на излезните врати од клубот.

Сепак, младиот Шпанец го крена нивото на игра и игра далеку подобро отколку минатата сезона, па ќе видиме дали од Арсенал лесно ќе се откажат од неговите услуги.

Јувентус ја следи ситуацијата и со десниот бек на ПСЖ, Томас Меуние кој не е стандарден во клубот па веројатно ќе побара да си замине во потрага по поголема минутажа.