Јувентус со порака: Игуаин и Ругани во пакет, инаку ништо од бизнисот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси сериозно е заинтерсиран за купување на Даниеле Ругани од Јувентус, но „старата дама“ постави интересен услов до екипата од Лондон.

Маурицио Сари е подготвен да му понуди на Ругани двојно поголема плата од таа во Јувентус, но тие не сакаат да го продадат само него. Им порачале на „сините“ дека ако не сакаат да го купат Гонзало Игуаин, тогаш нема да го добијат ниту Ругани.

„Бјанконерите“ се подготвени да се ослободат од Аргентинецот и неговиот договор од осум милиони евра годишно.

Сега останува одлуката на Челси, а доколку заклучат дека им недостига напаѓач, тогаш ова можеби е добар пакет од играчи за нив.