Јувентус спреми 5 милиони евра за младиот Босанец

За Арнел Јакуповиќ (19), младиот репрезентативец на Австрија со потекло од Босна, се повеќе се пишува овие денови низ италијанските медиуми.

Од оваа зима талентираниот Јакуповиќ настапува за Јувентус во Примавера, а на досега одиграни три натпревари има постигнато три погодоци и една асистенција, со што го привлече вниманието.

Дека Јувентус се свесни каков фудбалер имаат во своите редови, сведочи и фактот што планираат да го откупат неговиот договор од второлигашот Емполи, а откупната клаузула е 5 милиони евра.

„Арнел покажа дека е прав голгетер. Веќе добива прилика да тренира со првиот тим, што е многу важно за него, бидејќи може многу да научи. Јувентус се покажа како совршено опкружување за него“, изјави неговиот агент Игор Глушевиќ, за италијанските медиуми и додаде:

„Дали сака Јуве да го откупи? Ќе видиме што ќе се случи. Постојат уште неколку клубови кои се заинтересирани“.