Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на Јувентус планира трансфери за наредната сезона, а изборот падна на еден Аргентинец.
Јувентус оваа сезона може да ја заврши на одличен начин, затоа што се во игра за сите трофеи.
Се посигурно е дека ќе го одбрани Скудетото, во ЛШ ќе се бори во ½-финале против Монако додека во купот играат против Лацио.
Управата полека крои планови за наредната сезона, а на мета се Родригез и Коста.
Што се однесува до Џејмс, тој игра одлично во Мадрид, па не би чудело ако наредната сезона остане таму и покрај сите шпекулации.
Поради се наведено, Јуве има нова мета, а станува збор за Нико Гаитан.
Аргентинецот минатото лето стигна за 25 милиони евра, а претходно имаше неколку успешни сезони во Бенфика.
Сепак, во Атлетико не игра најдобро, па на 29 натпревари постигна 4 голови и 1 асистенција.
И покрај слабите игри, Атлетико сака да го задржи, а Чоло сака да има што е можно поголем број на играчи на располагање, поради играњето на повеќе фронтови.
Јувентус ќе се обиде да го ангажира, па ќе видиме колку пари ќе проба да плати за него.