Јуве подготвува уште еден одличен трансфер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Почнаа преговорите со еден од најбараните играчи во Серија А.

Директорскиот тандем Марота – Паратичи во претходните години се покажаа како еден од најсилните тандеми на Јувентус.

Двата одлични директори со мајсторски потези се прославија и одиграа одлични потези на фудбалскиот пазар во кревањето на Јувентус на моменталната позиција.

И посебно се покажаа при трансферите на Пирло, Љоренте, Погба, Евра, Кедира, Коман, Алвеш… А сега подготвуваат слична операција.

На мета на Јувентус е Кеита Балде. Тој е роден во Шпанија и наредното лето ќе биде еден од најбараните фудбалери, па затоа Јувентус тргна во акција.

Покрај одличниот талент, неговата цена дополнително ја крева ситуацијата околу договорот. Неговиот договор завршува во 2018-та година, а тоа значи дека во преодниот рок би можел да замине од тимот.

Кеита не е во добри односи со  Лотито и поради тоа можно е тој да не го продолжи договорот со тимот на Лацио. Сега времето не работи за нив, па Календа се сретна со управата на Јувентус за да разговара за трансфер на Кеита.