Јуве со сите сили тргнува по играчот на Ливерпул

Од таборот на Јувентус се подготвени на Емре Чан да му понудат плата во износ од 4.5 милиони фунти по сезона со цел да го убедат да го напушти Ливерпул и да се пресели во Торино.

Актуелниот договор на Германецот истекува на крајот на оваа сезона, а Јувентус уште во јануари може да ги направи првите конкретни чекори за обезбедување на неговиот потпис.

Чан оваа сезона има 13 настапи во дресот на Луверпул и ни од далеку не ги прикажува истите партии од минатата сезона. Јувентус во Чан гледаат идеална замена за Пјаниќ кој веројатно ќе го напушти Торино по крајот на сезоната.