Јуве тргнува по Савиќ – му подготвува поголема плата од Игуаин!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шампионот на Италија, Јувентус нема намера да се откаже од српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ, иако Лацио бара голема сума на пари.

Според „Калчомеркато“, Јувентус е подготвен да преговара со Лацио, на кој не му се брза, зашто за 23-годишниот фудбалер се заинтересирани Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ.

Доколку трансферот се реализира, Савиќ ќе стане еден од најскапите фудбалери во светот, зашто над 100 милиони евра се платени само Пол Погба, Осман Дембеле, Филипе Кутињо, Килијан Мбапе и Нејмар.