„Јунајтед и Арсенал ни се најголеми конкуренти“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси играат одлично во оваа сезона под водство на италијанскиот стручнак Антонио Конте.

Екипата од Стенфорд Бриџ стадионот моментално ја држи водечката позиција на табелата со дури девет бода повеќе во однос на второпласираните Тотенхем и Арсенал.

Еден од најдобрите играчи на Челси Еден Азар откри за англиските медиуми од кого најмногу се плаши во борбата за титулата.

“Мислам дека најголеми конкуренти ни се Арсенал и Манчестер Јунајтед. Јунајтед имаше нешто послаб почеток на сезоната, но во последно време играат многу добро. Одиграа нерешено против Стоук, но мислам дека се многу добра екипа. Тренерот им е многу добар и мислам дека ќе бидат втори или трети на крајот. Тотенхем е и исто така многу силен. Изгубивме само од нив во гости, но мислам дека сепак Јунајтед е подобар. Тоа е мое мислење, можеби не сум во право“, рече Азар.

Да потсетиме дека Челси во наредниот натпревар во Премиер лигата игра на домашен терен против Арсенал.