Јунајтед направил катастрофална грешка во летниот преоден рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед направиле катастрофална грешка, гледајќи од денешна перспектива со оглед на фактот што не се согласиле да го донесат Тоби Алдервилд во своите редови.

„Ѓаволите“ беа заинтересирани за белгискиот дефанзивец во текот на летниот преоден рок, но ја одбиле можноста да го купат за нешто повеќе од 30 милиони фунти сакајќи да ја намалат неговата цена.

Сепак, од  Тотенхем не се согласиле на тоа и Алдервилд остана во Лондон и повторно е стандарден пред Хуго Лори.

„Алдервилд беше понуден на Јунајтед за сума од 30 милиони фунти, но тие ја одбија понудата и рекоа дека ќе се вратат по него следната сезона кога ќе чини многу помалку. Не го разбирам тоа“- истакна Фил Браун, новинарот на подкастот „ Beyond The Pitch “.