Јунајтед на готовс: Барселона ја откри цената за Кутињо!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филипе Кутињо постојано се поврзува со трансфер од Барселона во Манчестер јунајтед, а очигледно Каталонците ја соопштиле цената за која би го пуштиле Бразилецот.

Барселона го купи Кутињо од Ливерпул за 142 милиони фунти минатата зима, но Бразилецот не се прилагоди на „Камп ноу“.

Поради тоа реши да си ја побара среќата во Англија, а Манчестер јунајтед е главен фаворит за неговиот потпис и наводно Барселона ќе го пушти за 100 милиони евра.

„ЕСПН“ пишува дека Барселона се согласила да го пушти за само 100 милиони евра, и покрај тоа што Кутињо има откупна клаузула од 355 милиони фунти, па тоа изгледа е примамлива сума з „ѓаволите“, кои наскоро ќе тргнат по неговиот потпис.