Јунајтед прави неверојатен договор, Солскјер го добива засилувањето што го сакаше Мурињо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо доби отказ од Манчестер јунајтед, чија управа не му исполни многу желби, а очигледно сега ќе му излезат во пресрет на привремениот стратег Оле Гунар Солскјер.

Ед Вудворд има листа со фудбалери за кои е заинтересиран и кои ќе се обиде да ги донесе во клубот, а некои би можеле да пристигнат во јануари.

Еден од нив е дефанзивецот на Порто, Едер Милитао. Бразилецот ја игра својата прва сезона во Европа, но остави одличен впечаток во дресот на португалскиот гигант.

Милитао има откупна клаузула од 50милиони евра, па очигледно „ѓаволите“ ќе мора да понудат токму толку за да го заинтересираат.

Англиските медиуми пишуваат дека Јунајтед е блиску до договор со бразилскиот фудбалер и неговите претставници, па од јануари би можеле да го гледаме на „Олд Трафорд“.