Јунајтед следи млада ѕвезда – Мурињо е подоготвен да плати 95 милиони фунти!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Талентираниот играч на Монако, Килијан Мбапе би можел да добие шанса да заигра во Јунајтед.

Тој ги постигна својот 18-ти и 19-ти гол за Монако во победата против Каен од 3:0 во неделата, а во Франција во последните 12 натпревари постигна 14 голови и моментално е главна тема на медиумите.

Моментално за него се заинтересирани Јунајтед, Арсенал, Реал Мадрид и Барслеона, а по се изгледа дека најподготвен да го донесе е Мурињо кој планира во лето да потроши 95 милиони фунти за него.

Со оглед на фактот дека Мбапе е многу квалитетен и фактот дека има само 18 години, ќе се бори голема војна за него наредното лето.