Љубовта не познава граници: Сандерленд испадна во трета лига, но навивачите не се откажуваат! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Сандерленд испадна во третата лига на Англија, фудбалерите уште имаат поддршка од навивачите дури и на гостинските натпревари.

Сандерленд ги преживува најтешките денови во историјата, зашто настапува во третата лига, а дури 2.200 навивачи преминале повеќе од 900 километри и патувале 10 часа за да присуствуваат на натпреварот против Гилингам.

Нивните играчи на крајот ги израдувале затоа што победиле со 4-1, а стрелци биле Мегваер, Хонимен, Пауер и Меј.

Сандерленд по четири одиграни средби има три победи и едно реми.