Њукасл заинтересиран за Вилшер


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Рафаел Бенитез сака во своите редови да го донесе играчот на Арсенал, Џек Вилшер.

Повеќе од јасно е дека Вилшер нема да остане во редовите на „топчиите“ оваа сезона и набрзо мора да најде решение за својата кариера.

Џек Вилшер беше изоставен од составот за натпреварот против Лестер во петокот и беше префрлен да тренира со у23 тимот.

За англискиот репрезентативец кој минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во Бурнемут постои интерес и од неколку клубови од Серија А.