Њукасл во јануари сака пет големи засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл нема најдобар прв дел од сезоната во Премиер лигата, па затоа новите сопственици на клубот се подготвени во јануари да инвестираат големи пари со цел да го подобрат играчкиот кадар со што би обезбедиле опстанок во најсилната англиска лига.

Британските медиуми го открија списокот на играчи кои ги посакува Бенитез, но јавноста се прашува дали е реално Њукасл да направи такви трансфери.

Најголема желба на шпанскиот стратег е Давид Луиз кој не е во најдобри односи со Конте и веројатно ќе го напушти Челси ова лето. Ова на прв поглед изгледа невозможен трансфер затоа што за Бразилецот има интерес од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Нешто поостварливи варијанти, и реално очекувани е трансферот на Дени Ингс од редовите на Ливерпул како и играчот на Бешикташ, Винсент Абубакар.

Њукасл се поврзува и со трансфер на Лук Шо, но последните партии на Англичанецот во дресот на „ѓаволите“ покажуваат дека левиот бек ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до крајот на оваа година.

Последен играч кој го посакува Бенитез во јануарскиот преоден рок е Димитри Оберлин од швајцарскиот клуб Базел.