Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Њукасл има сериозни проблеми да го задржи Александер Исак, најдобриот и највредниот фудбалер на тимот.
Доаѓа во клубот од Сосиедад во 2022 година за 63 милиони евра, а оваа сезона покажа дека е во полна форма бидејќи веќе има постигнато 23 гола во сите натпреварувања.
Арсенал, Ливерпул и Барселона се многу заинтересирани за неговите услуги, јасно е и зошто, а Њукасл не може да ги следи ни платите што другите клубови можат да ги понудат за Исак.
Тој во моментов заработува 120.000 фунти неделно, а новото зголемување би можело да донесе големи проблеми во рамките на тимот бидејќи би станал најплатен играч на клубот.
Тие ќе се обидат да му понудат 200.000 фунти неделно за да остане во клубот, а поттик повеќе е и евентуалното учество во Лигата на шампионите, од кое премиерлигашот не е далеку.