„Ќе го следиме Челси во секој чекор!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кевин Де Брујн не се откажува од титулата на Англија. Иако Сити оваа сезона игра многу слабо, сепак тој верува дека им се кренала самодовербата по победата против Вест Хем од 4:0.

Тој изјави дека соиграчите не се откажале од титулата.

„Фудбалот некогаш знае да биде луд. Тие се многу далеку, но кога ќе изгубите три натпревари, а противникот ги добие, тогаш ја губите предноста од 9 бодови. Па да се изгубат 3 натпревари од 17 не е многу. Ние ќе се обидеме да победуваме и ќе го следиме Челси.“

Де Брујн одигра 22 натпревари и постигна 4 голови, како и 11 асистенции.