„Ќе дадам се од себе против Јувентус“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус и Интер ќе ги одмерат силите на 5 февруари во дербито на Италија што ќе се игра во рамките на 23 коло од Серија А.

Ќе биде тоа еден од одлучувачките натпревари кога е во прашање борбата за Скудетото, бидејќи моментално се чини дека само Интер може да ги спаси шансите на Рома да продолжи борбата против Старата дама.

Јувентус моментално има четири бода повеќе од Рома и меч помалку, но Интер истотака може да се вмеша во оваа борба доколку остварат триумф на најтешкото можно гостување во Италија.

Крилниот фудбалер на Интер Антонио Кандрева порачува дека ќе биде многу тешко против Јувентус, но тој и соиграчите ќе дадат се од себе.

„Тоа е натпревар во кој владее голем ривалитет. Тоа веќе го почувстував во првиот дел од сезоната кога имавме полн стадион. Атмосферата беше многу убава, а ние го победивме најсилниот тим во лигата.

Ќе биде многу тешко, знаме дека се тие многу силни. Ќе мораме да дадеме 100 % од себе и да пробаме да го искористиме нашиот квалитет. Ние сме во добра форма и одиме да се надигруваме“, рече Кандрева.

Да потсетиме дека Интер моментално е во низа од седум врзани победи во Серија А, но синоќа доживеа пораз во Купот на Италија од Лацио на домашен терен со 2:1.