„Ќе добијат камион колбаси и пиво, па може да наздравиме!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн лесно се пресмета со Волфсбург и победи со 5:0, откако Лајпциг изгуби со 1:0, Баерн е повторно лидер во БЛ.

„Одлично коло. Се вративме на врвот, а Дортмунд изгуби 2 бодови.“, изјави Румениге.

„Имаме четири победи во низа, стабилни сме. Заслужено го победивме Атлетико, па потоа и Волфсбург, односно добивме помош од соседите.“

„Инголштат ќе добијат камион колбаси и пиво, па може да наздравиме!“

Милер успеа да постигне гол во БЛ по 999 минути.

„Вчера се обложив на него дека ќе постигне гол. Очигледно му требала екстра мотивација. А сега, ете, го изгуби облогот…“