„Ќе направиме се што треба за да го задржиме Мбапе наредната сезона!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потпретседателот на Монако, Вадиум Василев тврди дека Мбапе не ја известил управата дека сака да замине.

Тој со своите одлични игри привлече голем интерес на себе, а за неговите услуги се заинтересирани Јунајтед, Арсенал, Челси и Сити.

Мбапе оваа сезона постигна 23 голови во сите натпреварувања, од што 13 во Лига 1.

Тој го покажа својот потенцијал и во ЛШ каде што постигна 5 голови.

Василев демантираше дека младата ѕвезда заминува во друг клуб.

„Ниту еден играч не кажа дека сака да го напушти клубот. Секако, ние ќе разговараме со играчите, но верувам дека ниту Килијан, ниту Лемар, ниту Силва не сакаат да заминат, но ова не е време за разговори. Ќе направиме се што можеме за да ги задржиме во тимот.“