Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Лучијано Спалети сеуште нема одлучено дали на крајот на сезоната ќе остане тренер на Рома.
Спалети го води тимот од почетокот на оваа сезона, а потпиша договор до крајот на оваа. Иако во Рома се задоволни од игрите на неговиот тим, тој сеуште нема одлучено дали ќе остане во тимот.
Претседателот на Рома, Џејмс Палота вчера изјави дека ќе мора да се одржи состанок со Спалети за да се решат дилемите.
„Претседателот Палота и јас сеуште не одржавме состанок. Требаше вчера, но тој не беше слободен. Ќе разговараме во наредните неколку денови, а моето останување во Рома најмногу зависи од резултатите во оваа сезона.“
„Веќе реков дека нема да останам во тимот ако не освоиме некој трофеј и го почитувам својот збор.“