Ќе се води отворена војна на едната страна решителната Севиља: Не го сакавте, а сега го барате назад, е не може!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само неколку месеци беа потребни за Андре Силва да ги убеди челниците на Севиља да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната.

Пристигна ова лето на позајмица во Севиља шпанскиот клуб за тоа треба да му плати на Милан 3 милиони евра, а на крајот на позајмицата имаат опција да го откупат Португалецот за дополнителни 35 милиони евра, што тие очигледно и ќе го направат.

Младиот португалски напаѓач во 2017. година пристигна во италијанскиот клуб, а Милан му плати на Порто за овој играч 38 милиони евра. Не се снајде во дресот на „Росонерите“, па тие го испратија на позајмица. Сега сакаат да го вратат во Италија по одличните партии во дресот на Севиља, но проблемот е што шпанскиот клуб се прашува и тоа што тие веќе донеле одлука.

„Ние имаме можност да го откупиме договорот и ние тоа ќе го направиме. Ние имаме моќ и желба да го задржиме тука, а Милан може да каже било што, како и многу други екипи, тие не можат ништо да направат моментално што ќе ја промени нашата одлука. На крајот на сезоната, а можеби и пред тоа ние ќе го откупиме Силва, тој ќе остане со нас многу години“, истакна Хоакин Капарос, спортскиот директор на Севиља.

Андре Силва одигра 11 лигашки натпревари во дресот на Севиља, а веќе постигна 7 погодоци. Игра фантастично, а има само 23 години.