„Ќе ја задржам насмевката на лицето“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Донарума прими бизарен гол на натпреварот против Пескара.

Младиот голман на Милан направи голема грешка по повратната топка на Палета и прими гол, но тоа не го вознемирува.

„Жал ми е поради тимот и навивачите што не победивме, но се надеваме дека искуството ќе ни помогне да бидеме подобри.“

„Дадов се од себе, за жал, такви работи се случуваат. Но останувам со крената глава и ова може да ми биде само лекција. Ќе ја задржам насмевката и по оваа грешка, нема да дозволам таа да ме уништи.“