„Ќе ја играме својата игра и против Сити“

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим изјави дека неговата екипа нема да го менува стилот во натпреварот со Сити.

Монако кој оваа сезона постигна 76 голови во Манчестер ќе игра отворено и напаѓачки.

„Не е важно против кого играте, дали тоа е ПСЖ, Тотенхем, Сити или некој друг. Кој и да е на спротивната страна, ние нема да го менуваме нашиот стил. Тоа е нашата ДНК.“

„Сити е тежок противник. Кога ќе тргнат во напад, го прават тоа со 5 фудбалери кои брзо се враќаат назад. Добри се и во одбрана, но во тој дел ќе им направиме проблеми.“

Натпреварот на Сити и Монако се игра вечерва од 20:45.