„Џеко и Игуаин ќе водат вистинска битка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Рома, Лучијано Спалети во разговор со медиумите испрати пофалби до Един Џеко.

„Џеко е одличен играч и не го разбирам ставот на тие кои во минатото го критикуваа.“

„Џеко и Игуаин ќе се борат за најдобар стреле во Серија А. Мислам дека тоа ќе биде голема трка.“

Тој се врати на „Олимпико“ на почетокот на оваа сезона и објасни како се случило тоа.

„Сфатив дека ќе се вратам во Рим кога ме повикаа. На моето семејство му се допаѓа тука. Ми се допадна фактот дека ме бараат и затоа се вратив.“

Рома во моментов е на 2-ро место со 38 бодови зад лидерот Јувентус кој има 42 бодови.

Во лигата моментално најдобар стрелец е Икарди со 14 голови, па следуваат Белоти и Џеко со по 13, Мертенс 11 и Игуаин 10 голови.