Џеко ќе го реализира својот трансфер во Челси, но во моментов постои еден проблем!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Един Џеко сеуште не го комплетираше трансферот од Рома во Челси, иако можеби се очекуваше тоа да биде завршено до денес.

Голем број медиуми пишуваа дека потписот на Џеко се очекува во четврток, поточно откако Рома ќе го одигра својот натпревар со Сампдорија.

По се изгледа дека четврток навистина ќе биде важен ден за трансферот на Џеко во Челси, затоа што двата клубови до утре треба да се договорат за деталите кои го сопираат трансферот. Ди Марцио тврди дека проблемот всушност е тоа што Рома и Челси не се договориле за некои детали и бонуси.

Џеко се согласи да замине во Челси и задоволен е со условите кои му ги нуди клубот, но трансферот ќе почека додека не се договорат двата клубови.

Исто така не се знае ситуацијата со Батсуаи затоа што не е познато дали ќе биде вклучен во трансферот или не.