Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џером Боатенг одлучи да ги напушти редовите на минхенски Баерн.
Овој 30-годишен штопер од почетоко на сезоната се поврзуваше со трансфер, а тоа конечно ќе се случи во летниот преоден рок.
Германецот не го крие незадоволството и одлучи наредното лето да го напушти клубот. Тој би требало да стане нов член на ПСЖ каде што наводно му е ветено местото стартер.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел силно го посакува Боатенг во својот тим и се чини дека желбата ќе му се исполни и искусниот дефанзивец ќе го облече дресот на тимот од Паркот на Принцовите.
Џером Боатенг е член на Баерн од летото 2011. година. Стигна од Сити за 13.5 милиони евра, а со баварскиот тим шест пати ја освои титулата првак во Германија и ЛШ.